Опозицијата се жали на нетранспарентност – нема пристап до преговорите за решавање на спорот со Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Опозицијата се жали дека не знае ништо околу тоа како течат преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија, бидејќи, како што уверува, власта не споделува никакви информации со нив. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека единствената информација што ја имаат е дека изминатиов викенд се работело интензивно во министерствата на надворешни работа на Македонија и Бугарија, но дека сепак не знаат што било предмет на преговорите.

И  опозициската Алтернатива се жали дека не знаат што е ставено на преговарачката маса со Бугарија. Претседателот на партијата, Африм Гаши, синоќа во „Клик Плус“ рече дека власта ја исклучила опозицијата од прашања од општ интерес.

„Знаете ли што разменија овие 2-3 дена нашата и Владата на Бугарија? Не! Како можеме сега ние, од оваа емисија да понудиме решение за нешто што не знаеме? Многу несериозно и неодговорно е од страната на Владата да ја исклучува опозицијата. Јас мислам дека не само опозицијата, туку Владата во ваква ситуација која се однесува на идентитетот и интегрирањето на земјата, не само што треба да постигне политички, туку треба да постигне и општествен консензус“, посочи Африм Гаши. 

Во меѓувреме, во Комисијата за надворешна политика претставниците на СДСМ и ДУИ гласаа „против“предлогот – во Собранието да се разгледа прашањето со Бугарија  и евро-интеграциите на земјата.

Инаку, и македонската, и албанската опозиција побараа лидерска на која би се разговарало за спорот со Бугарија и можноста за изнаоѓање заедничко решение, но премиерот Зоран Заев со став дека нема потреба од таква средба.