Општина Чаир го одбележа 7 март – Денот на наставникот, Ганиу: Образованието е вистинска и единствена вредност на еден народ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во срце те носиме наш наставнику. Ти ни го отвори патот…

општина ЧАИР ги собра сите ветераните на образованието, актуелни наставници од општина Чаири за заедно да го одбележат 7 март, денот на наставникот.

Наставникот Ќемаледин Емини повеќе од 40 години работи како наставник. Прво  работел во селото Страчинци, потоа во Арачиново, Студеничани и на крајот во Чаир, а сега е пред пензија. Во овој период тој вели дека единствена цел му била образованието и едукацијата на новите генерации.

„Од 1980, дури работам и повеќе од 40 години. Секој пат сум бил горд бидејќи сме се обиделе и колку што сме можеле сме работеле со волја, со посветеност. Сме имале и разни случаи, сме работеле по селата, во градот, но доста сме се потрудиле“, вели Ќемаледин Емини.

А наставничката Снежана Минова веќе е во пензија. Вели дека е горда со генерациите кои ги едуцирала.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, им додели благодарници и подароци на наставници и ветерани на образованието.

„Нема сомнежи дека образованието е вистинската и единствена вредност на еден народ. Тоа е неговиот здив, постоење и потпора. Не можеме да ја поистоветиме тежината на оваа вредност со ништо друго“, вели Висар Ганиу.

Општина Чаир го прогласи бизнисменот Селман Имери за почесен граѓанин за придонес во образованието во општина Чаир. Денот на учителот – 7 март е празник посветен на воспитно-образовниот кадар на училиштата и универзитетите. Овој датум има рано потекло и е поврзано со првото албанско училиште, а почна да се обележува од 1960 година, кога албанската држава одлучи овој ден да биде празник во спомен на основањето на првот Албанско училиште во Корча,.