Општина Тетово изнајми „пајаци“, ќе им плати 2,16 милиони денари годишно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Тетово активираше две пајак возила во градот. Сега Јавното претпријатие за паркинзи не работи со процент со пајак возилата, туку ги изнајми, и тоа по 90 илјади денари месечно за секој, што значи дека претпријатието ќе плаќа 2 милиони и 160 илјади денари без ДДВ за двата пајаци кои ќе ги користи 12 месеци.

Од општината велат дека целта е да се регулира сообраќајниот хаос и да се воведе ред во градот.

„Овој процес беше транспарентен и има за цел преку СВР Тетово да интервенира во редот и безбедноста во градот. Вреди да се истакне дека врз основа на барањата на јавноста се користи различен форматот за користење на овие возила од претходниот, каде дел од средствата одеа за компанијата а другиот дел за јавното претпријатие за паркинзи, а сега имаме плаќање кое е фиксно“, рече Бесарта Рамадани, портпарол на Општина Тетово.

Податоците на СВР Тетово покажуваат дека бројот на автомобили кои за пола година се подгинати од пајак службата е околу илјада.

„Пајак возилото за 6 месеци земало 1001 автомобили кои биле лошо паркирани или во забранети места за паркирање. А во текот на четири месеци таа бројка изнесува 609 возила“, велат од СВР Тетово.

Во 2022 до 2023 година општина Тетово склучила договор со истите фирми. Фирмите 70% од средствата ги добивале од лошо паркиран автомобил. Градоначалникот на општината на крајот на 2023 година изјави дека договорите со овие фирми се раскинати по критиките од граѓаните и медиумите.