Општината одлуката ја смета за тенденциозна – „градежните работи на стадионот во Тетово ќе продолжат“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За општина Тетово вчерашната одлука на Уставниот суд за градскиот стадион е доказ дека претходната Влада била пристрасна и штетна за граѓаните.

„Уставниот суд само го потврди она што го кажавме дека одлуката на Владата во заминување на чело со Талат Џафери е пристрасна и на штета на градот и на тетовчани. Работите на градскиот стадион продолжуваат, во прва фаза сме и се се одвива според планот, каде се очекува градскиот стадион да биде обновен за три години“, вели Албион Алити.

Но, од каде општина Тетово ќе ги добие парите и дали ќе се одржи ветувањето на Касами дека доколку станат дел од Владата ќе ја финансираат изградбата?

„Како што спомена и Билал Касами, ќе се гради стадион во Тетово и во Фалиште. Ова како процедура е под управување на претпријатието за транспорт и сè е одвивало во ред, е отворен тендерот, продолжиле процедурите, завршено е и сè било во ред. Многу е рано и не можеме да кажеме нешто повеќе затоа што сме само две недели дел од владата и можам да кажам дека може да биде многу полесно да бидеме дел од централната власт отколку само од локалната власт“, додава Албион Алити.

Поранешниот претседател на општинскиот совет Бесар Дурмиши, сега министер за економија, ја коментираше одлуката на судот.

„Дадов изјава и кажав дека нема да ја признаеме оваа одлука, одлуката на таа влада која беше преодна. Да имаше некаква злоупотреба, не со финансиската полиција која ќе ни беше на врата, туку со обичната полиција и немаше да не пуштат да работиме“, порача Бесар Дурмиши.

Стадионот во Тетово почна да се реконструира минатата година, додека рокот за завршување на работите е 3 години. Проектот ќе чини 10 милиони евра, а општина Тетово има опција да го продаде градежното земјиште за да ги обезбеди финансиските средства.