Општините се жалат на сметките за осветлувањето – Бектеши: Не жалете се, туку вршете ги обврските за кои сте избрани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку општини се жалат дека поради покачувањето на цената на електричната енергија, не успеваат да ги платат сметките за јавно осветлување.


-Она што ја тангира локалната власт, но и граѓаните е поврзано со поскапувањето на електричната енергија, каде повеќето општини кои управуваат со јавното осветлување не успеваат да ги покријат енормните трошоци, рече Касами.


Сепак, некои општини како што се Кичево и Сарај, почнаа да ги гасат уличните светла по полноќ со цел да заштедат електрична енергија. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека градоначалниците се избрани да ги решаваат проблемите, а не да се жалат.


-Јас мислам дека градоначалниците на општините не се избрани да се жалат, туку да ги решаваат проблемите, како што ги решава централната власт. Во однос на трошоците што ги имаат, ги повикав и претходно, а ќе повторам уште еднаш – да не дозволуваат да немаат договори за набавка на електрична енергија, бидејќи тие се стремат кон тоа електричната енергија да ја плаќа Владата, рече Бектеши.


Од општина Гостивар, преку писмен одговор за ТВ21 порачаа дека нема да ги остават граѓаните во темница и го повикаа министерот Бектеши наместо да дели совети, да го реши прашањето околу фискалната децентрализација со цел општините да не зависат од државниот буџет.