Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека имал телефонски разговор со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во пресрет на претстојните избори во Соединетите Американски Држави.
„Само што разговарав со Трамп. Му посакав среќа за во вторник. Остануваат само уште пет дена. Му држам палци за среќа“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Орбан претходно овој месец изјави дека ќе отвори „неколку шишиња шампањ“ доколку Трамп се врати во Белата куќа следниот месец.
Како што објави Си-Ен-Ен, повеќе од 50 милиони Американци веќе гласале на предвремените избори.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември, јавува Танјуг.