Орбан: Европа мора да ги укине санкциите врз руската енергија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја повика Европа веднаш да ги укине санкциите за руската енергија, со цел да ја заштити својата економија од една од најтешките економски кризи во нејзината историја, која е последица на војната во Иран.

Како одговор на предупредувањето на полскиот премиер Доналд Туск дека неодамнешните активности на Трамп и Орбан се како „план од соништата на Путин“, унгарскиот премиер ги засили своите повици за проруски промени во политиката на Европската Унија, пренесува „Гардијан“.

„Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во сериозна опасност. Единствениот излез е укинување на санкциите воведени за руската енергија. Веднаш. Не треба да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашите народи“, изјави Орбан.

Како што се наведува, тој му порача на Туск дека, наместо да поттикнува војна, треба да ја сака и да ја спасува својата земја.

Коментарите на Орбан доаѓаат само 10 дена пред клучните парламентарни избори во Унгарија, потсетува „Гардијан“, пренесува Танјуг.