Соединетите Американски Држави, кога ќе бидат предводени од Доналд Трамп, ќе го „напуштат“ конфликтот во Украина, а Европа сама не може да го финансира Киев во оваа војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Американците ќе ја напуштат оваа војна, прво нема да го поттикнуваат конфликтот“, изјави Орбан за државното радио пред продолжението на неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Будимпешта, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека Европа не може сама да ја финансира Украина и покрај тоа што, како што наведе, „некои сè уште сакаат да продолжат да испраќаат огромни суми пари за оваа изгубена војна“.