Со години неговата ќерка страда од крајници и веќе е крајно време да се оперира. Но б идејќи нема анестезиолог на ОРЛ во Куманово, Муадини како родител мора да ја носи ќерка му на операција во Тетово. Како што вели, тоа ги зголемува трошоците, а од друга с трана мораат да чекаат со месеци.
ТВ21 праша во болницата за овој проблем, а самата директорка Снежана Захариева призна дека нема анестезилог за ОРЛ, туку за итните случаи помагаат анестезилозите од другите оддели. Таа додава дека доколку лекарите специјалисти на ОРЛ се подготвени за операции, таа ќе испрати барање до МЗ за ангажирање на еден анестезиолог.
Иако не сакаа да зборуваат пред камерата на ТВ21, 5 лекари специјалисти од ОРЛ рекоа дека се целосно подготвени да вршат операции така како што биле и порано.
Инаку во болницата во Куманово заедно со директорката која и самата е анестезиолог, ангажирани се вкупно 6 анестезиолози. Според Захариева, анестезиолозите се дефицитарен кадар во земјава и државата треба итно да преземе мерки нивниот број да се зголеми.
