Сите 279 нигериски ученички кои беа киднапирани од училиште во северната држава Замфара се ослободени и се наоѓаат во владин објект, изјави Бело Матавале, гувернер на државата
– Среќен сум што објавувам дека сите девојки се ослободени, изјави Бело Матавале. Тие самошто пристигнаа во владината зграда и се во добра здравствена состојба, дополни тој.
Претходно беше соопштено дека биле ученичките киднапирани од страна на исламистичката група Боко Харам.
