Османи: 98% од членството на ДУИ, се задоволни од овој состав на ДУИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Јас видов една анкета пред неколку недели, која кажа дека 98% од членството на ДУИ, биле задоволни од министрите од ДУИ. Јас не сум видел таква анкета во мојата кариера“.

Ова го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашното гостување на „Клик Плус“ на ТВ21 зборувајќи за ДУИ и министрите од оваа партија во Владата.

„Јас кажувам една анкета, нека покаже некој друг друга анкета. На крајот граѓаните ќе не тестираат. Важно е што имаме добра програма, која се реализира во одлична динамика во Владата“, вели Османи.