Излезноста на изборите за градоначалник на Општина Брвеница до 11 часот изнесува 9,11 проценти, односно гласале 1.480 граѓани, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ.
Тој, заедно со уште четворица членови на ДИК, посетил шест избирачки места и оценил дека гласањето се одвива без поголеми проблеми. Избирачките места биле отворени навреме, а изборниот материјал бил доставен навреме.
Според Маричиќ, излезноста е малку повисока во споредба со локалните избори во октомври 2025 година, кога до 11 часот гласале 8,34 проценти од избирачите, односно 1.346 граѓани.
Најмногу гласачи до тој момент имало на избирачкото место 2033 во Брвеница, каде што гласале 166 лица, додека најмала излезност била регистрирана во Гургурница, со 12 гласачи.
Од ДИК потсетуваат дека граѓаните можат да се информираат за прашања поврзани со гласањето преку бесплатната телефонска линија на Комисијата.
