Со оваа изјава на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, со чија партија се во владина коалиција, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи и одговори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека доколку ВМРО ДПМНЕ победи на избори нема да коалицираат со ДУИ.
Османи рече дека ваквите изјави поттикнуваат меѓуетнички тензии, а главната цел е да се добијат политички поени. Додаде дека на Албанците нема да им фали ни влакно додека е Ахмети.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, исто така изјави дека нивната програма може да се усогласи со таа на албанската опозиција. Изет Меџити од Европски сојуз за промена во врска со ваквата изјава на Николоски, рече дека тие немаат стратешки партнер кај Македонците и дека имаат коалиција само со албанскиот народ.
