Османи има решение за Бугарија: Самоопределување! – „Бараме нешто што е наше и заслужено“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот јазик потекнува од бугарскиот, а нацијата е создадена во рамки на бугарскиот обид за ослободување од отоманската империја. Ова се барало од Македонија да биде потпишано како нов договор доколку сакаме Бугарија да го повлече ветото кое го постави на патот кон Европската унија, откри денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите.

Овој предлог Османи го добил минатата година во декември од тогашната МНР на Бугарија Екатерина Захариева. Ваквиот предлог веднаш бил одбиен.

„Единствено решение е мултиперспективноста односно право на самоопределување. Граѓаните би го толкувале сами наративот така како што е убеден без никој да им наметнува, односно државата да наметнува ниту на едните ниту на другите“, истакна Бујар Османи..

Османи додавава дека излезот е во консолидирање на бугарско малцинство кај нас кое ќе има слобода на историско интерпретирање манифестирање на културни и историски атрибути, а не наметнување на една апсолутна вистина.

„Јас ќе работам ден за ден колку што ја имам можноста за тоа, недела за недела без да давам долги рокови кои би не опуштиле нас овде, кои би ги опуштиле во Софија или во Брисел. Мислам дека сме заслужиле да почнеме преговори. Бараме нешто што е наше и заслужено и сметам дека не треба да оставиме простор за полека ова прашање да влезе во замрзнат конфликт“, вели Османи.

Отвореното прашање со Бугарија ќе биде приоритет и во наредната година.

„Прво треба да се формира Владата овде кај нас средина на јануари и тогаш можеби за прв пат по девет месеци ќе имаме две политички влади во двете држави кои имаат спор, Република Бугарија и кај нас. И самото тоа по себе дава подобра можност за суштински разговори и надминување на разликите. Така што ја очекувам оваа најавената посета на премиерот Петков да се реализира уште во месец јануари и тоа ќе утврди една динамика за наредниот период“, додава Османи.

Османи на годишниот брифинг со новинарит рече дека во сила сè уште е предлогот на португалското претседателство и тој предлог формално не е отфрлен од Бугарија и оти за нас тоа е единственото нешто што можеме да го прифатиме.