Османи: Македонија е уникатен случај во Светот, техничката Влада беше формирана за избори, а се најде во ситуација да се бори со пандемија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, на прашање на ТВ21 денеска коментираше за изборите, односно дали според него има услови за одржување на избори, со оглед дека вчера Владата донесе Уредба за ажурирање на избирачкиот список, што значи дека се подготвува за избори на 5. јули.

„Македонија е уникатен случај во светот, без парламент. Во услови на зголемени услови на случаи ние не сакаме да зборуваме, но изборите ни се наметнати како тема. Се соочуваме со потешкотии, немаме парламент, техничка влада која беше предвидена да спроверува избори, а не да со ваква пандемија. Згора на тоа го имаме овој втор бран. Здравјето е на прво место секогаш.

На сите ни е јасно декаво вакви услови кампања не може да има, дилемата е повеќе дали изборниот ден се разликува од другите секојдневни активности на граѓаните.

Да почекаме уште неколку денови како ќе се одвиваат консултациите па потоа ќе се донесе одлука за датумот за избори“, рече Османи.