Османи на средба со Дендијас, Северна Македонија спас од Бугарија ќе бара преку Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Воспоставување на рамката за следните активности што им претстојат на С. Македонија и Грција согласно Акциониот план за соработка, како и имплементирање на договорот од Преспа биле во фокус на разговорите меѓу македонскиот и грчки министер за надворешни работи.

„Вистинско задоволство е да се почне годината со ваква успешна посета на Грција. Нашите искрени намери се да го надминеме прагот на добрососедството, како коректен политички наратив, и да поставиме основа за изградба на едно подлабоко долгорочно пријателство меѓу двете земји, како највисок израз на успешност на политиката и дипломатијата.“, рече Османи.

ЕУ интеграциите и сојузништвото во НАТО исто така биле тема на двајцата хомолози

„Како непосреден сосед кој воедно и членка на ЕУ, сметам дека е особено важна принципиелната поддршка од страна на Грција за почеток на преговорите со Северна Македонија, без одложување“, изјави Османи.

„Грција може да стане најдобар сојузник и пријател на Северна Македонија со тоа што нашата земја има интереси за стабилноста на регионот. Го поддржуваме вашиот напор во ЕУ“, вели Дендијас.

За време на средбите, беа потпишани три Меморандуми за разбирање меѓу двете држави за соработка во областа наинвестициите и надворешна трговија меѓу претпријатијата „Грција СА“ и „Инвест Северна Македонија“, за соработка меѓу министерствата за надворешни работи во едукацијата на дипломатите и за соработка во областа на цивилната заштита.
На агендата на Министерот во рамките на официјалната посета на Грција беа и средбите со Претседателот на Хеленската Република, Катерина Сакеларопулу, премиерот, Кирјакос Мицотакис и алтернативниот министер за европски прашања, Милтијадис Варвициотис.