Од затворени граници нема никој интерес, тоа го правиме само поради заштита на граѓаните и нивното здравје, вели вицепремиерот Бујар Османи во вечерашното издание од дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
„Немаме интерес да ги држиме границите затворени, тоа е така поради здравјето на граѓаните“, рече Османи во „Click Plus“ на ТВ21.
Османи претходно рече дека треба да научиме и навикнеме на новиот начин на живот и носењето на маски.
„Во Кина носењето на маски е веќе начин на живот, тоа е култура на однесување и верувам дека маските во иднина ќе станат дел од секојдневието и маските ќе бидат дел од аутфотот“, потенцираше Османи.
