Шефот на дипломатијата Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ одговори на шпекулациите во јавноста дека го засенува вицепремиерот Никола Димитров.
„Никола Димитров е вицепремиер за ЕУ, јас сум МНР. И двајцата си ја вршиме својата работа. Јас не му се мешам него во работата, тој не ми се меша мене. И двајцата работиме во интерес на граѓаните“, порача Османи.
Тој додава дека не знае зошто во јавноста се шпекулираат овие наводи.
„Зошто во јавноста се шпекулира дека Димитров е засенет од мене, не можам да кажам, но јас не мислам така“, посочува Османи.
