Османи од Букурешт: Доаѓаме тука како членка на НАТО да дадеме поддршка на Украина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи денеска учествува на НАТО состанок во романскиот главен град Букурешт. Тој пред состанокот кажа дека Македонија дојде како членка на НАТО да даде поддршка за Украина, како и сите други земји членки на Алијанската.

„Регионот на Црното Море е геостратешки интерес на НАТО. За нас има и друга симболика, 2008 година тука чекавме да станеме членка на НАТО, еве денеска доаѓаме како членка на НАТО, но се разбира пораката е да покажеме единство, кохезија во делот на осудување на агресијата, поддршка на Украина.“, рече Османи.