Османи: Работа во две насоки за уставните измени – ВМРО-ДПМНЕ: Без одговор за предлозите, не мрдаме со прст

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во периодот што следи, Владата до Собрание ќе достави предлог со амандмани за уставните измени и потоа ќе започне одбројувањето за процесот за уставните измени. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека шансите за постигнување договор со опозицијата се до моментот кога во Собрание ќе се гласа потребата за усвојување на уставните измени, а до тогаш додаде дека работат во два правци за уставните измени да успеат.

Османи уверува дека Бугарија ниту сега ниту во иднина не може да поставува нови услови кон Македонија.

Од СДСМ продолжуваат да ја охрабруваат ВМРО-ДПМНЕ да го продолжи дијалогот меѓу пратениците во Собрание со цел да се изнајде прифатливо решение за двете страни.

Но од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да мрднат ни со прст доколу СДСМ не прифати некој од нивните предлози.

Од ВМРО-ДПМНЕ во замена за поддршка за уставните измени предлага проширена влада без ДУИ и усвојувањето на уставните измени да стапи во сила поцелосното зачленување во ЕУ, и втора опција, предвремени избори на есен и гаранции од европските институции за заштита на македонскиот идентитет, фондови и спроведување на три одлуки од Судот во Стразбур за правата на Македонците во Бугарија.