Османи во Вашингтон се сретна со претседателот Бајден

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателката на Косово, Вјоса Османи вечерва објави фотографија од средба, заедно со сопругот Приндон Садриу, со претседателот на САД, Џо Бајден и неговата сопруга, Џил Бајден.

Османи фотографија ја објави на нејзината официјална страница на Фејсбук, со коментар дека меѓу Косово и САД продолжува „непоколебливо партнерство”.

– Вечно пријателство и непоколебливо партнерство со САД, напиша Османи.

Косовската претседателка се сретна со Бајден и на церемонијата во Лондон по повод погребот на британската кралица Елизабета Втора, по што отпатува во неколкудневна официјална посета на САД.