Во „КликПлус“ на ТВ21, вицепремиерот Бујар Османи прашан за тоа кога се очекува да има избори, рече дека ДУИ се подготвени веднаш да одат на избори, и инсистираат да има набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.
Османи го цитираше и лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој кажа дека сме во војна со непознат непријател, а во војна последниот збор го имаат генералите, алудирајќи во овој случај на лекарите, и со самото тоа дека последниот збор околу одржувањето на изборите треба да го имаат лекарите.
