Осомничениот за убиство на малата Данка го смени исказот: Поради ова застанав кај депонијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Срѓан Јанковиќ , еден од двајцата осомничени за убиството на девојчето Данка Илиќ во Бањско Поље, денеска повторно беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Заечар.

Тој остана на својата прва изјава дека кобниот ден бил во Бањско Поље, но дека не ја видел малата Данка и дека не ја удрил со службениот автомобил.

Според информациите на порталот Нова.рс , Јанковиќ денеска одговарал на дополнителни прашања на обвинителот за околностите на кобниот ден во Бањско Поље. Јанковиќ подетално објасни што се случило кобниот ден, поточно се што и било нејасно на обвинителката по првото рочиште.

„Го објасни и текот на движењето откако Данка наводно била погодена, односно објаснил дека причината за задржувањето кај депонијата е телефонски повик“, вели изворот на порталот Нова.рс.

На претходното рочиште на почетокот на јуни годинава, Јанковиќ потврдил дека кобниот ден бил во Бањско Поље кај Бор со неговиот колега од ЈКП Водовод Дејан Драгијевиќ, но негираше дека тој ден двајцата ја виделе Данка Илиќ и дека ја удриле со службено возило.

Јанковиќ, исто така, тврди дека неговата прва изјава по апсењето, во која го признава убиството, била „изнеудена“ од полицијата. После тоа тој се бранел со молчење, а потоа решил да сведочи. Сега, поради неговите тврдења дека признанието му било принудно, отворен е случај.