Остана жив по падот на авионот на Шапекоенсе, а сега преживеа уште една тешка несреќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ервин Тумири беше еден од шесте преживеани во падот на авионот на Шапекоенсе во кој страдаа 71 лице во 2016 година. Тумири, кој е пилот, го преживеа падот на авионот, а пред неколку дена преживеа уште една трагедија – бил во автобусот кој паднал во провалија во Боливија длабока 150 метри, а 21 патник го загубиле животот.

„Слушав музика на талефонот и наеднаш автобусот почна да кочи. Кога сватив што се случува се фатив цврсто за седиштето и се тргнав од прозорецот… Успеав да ја сочувам главата“, изјави Тумири кој помина со полесни повреди.