„Нема да има промени во сметањето на времето, односно ноќта меѓу 29 и 30 октомври граѓаните во земјава повторно ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад“, потврдија за „360 степени“ од Владата.
„Нема промена во системот на сметање на времето“, одговориле од Владата.
Деталите ќе бидат споделени во соопштение по владина седница.
