Труење со јаглерод моноксид е причината за смртта на осум млади луѓе на новогодишната ноќ во близина на Посушје. Ова го покажаа лабараториските извештаи.
Утврдено е дека кај сите осум млади лица дошло до интоксикација со јаглерод моноксид со утврдена концентрација во крвта, што е смртоносна, е резултат на анализата на нивната крв – изјавиле за порталот „Радио Сараjево“ од босанското обвинителство.
На новогодишната ноќ, во страшна трагедија во Трибистово во општина Посушје починаа Иван Миличевиќ (роден на 29.08.2001), Стипе Ромиќ (роден на 27.09.2001), Мирела Резо (роден на 8.09.2001) Шана Павковиќ (родена на 15 септември 2001 година), Миа Солдо (родена на 4 август 2001 година), Стипе Павковиќ (родена на 22 септември 2001 година) Марија Павковиќ (родена на 16 април 2001 година), Стјепан Јукиќ (роден на 9 август 2001 година).
Во викендичката во босанско Посушје, имало уште едно момче, кое ја избегна трагедијата. Момчето на иста возраст како и другите, ја напуштило новогодишната прослава неколку часа пред трагедијата, бидејќи рано наутро морало да оди на работа.
