Реќифе Цека од Теарце, Тетово конечно доби македонско државјанство.
На почетокот на декември ТВ21 информираше дека г-ѓа Цека живее во Македонија веќе 37 години и не може да добие државјанство. Само неколку дена по објавувањето на сторијата, таа била повикана во Секторот за внатрешни работи во Тетово, каде што добила државјанство.
„Откако јавно го објавив случајот за моето државјанство, ја постигнав целта. Благодарение на вашата телевизија ТВ21 и благодарение на пратеничката од АА Илире Даути, благодарение на оние кои ме поддржаа, ја постигнав целта по сите овие години“, вели Раќифе Цека.
Г-ѓа Реќифе претходно повеќе од 20 пати поднела барање за државјанство, образованието го завршила во Македонија, но не добивала државјанство бидејќи властите ја сметаат за опасна за државата.
„Само што излегов во јавност и го добив државјанството“.
-Дали мислите дека има други случаи и ако има што би порачале?
„Мислам дека има многу други случаи како мојот, а кој има нека излезе во јавноста дека навистина ќе добијат без никаков проблем“, додава таа.
Сега е среќна бидејќи се ќе и биде полесно, а ќе има можност и да има здравствено осигурување.
„37 години живеам без државјанство и после 37 години успеав да добијам државјанство благодарение на вас. Сега во сите работи имам приоритет дури и во здравството. Сега сум државјанин на Македонија“, додава Цека.
Иако во Македонија имаше измени во законот за државјанство, многу граѓани имаат проблеми со добивањето државјанство. Неодамна видовме контроверзни случаи кога контроверзни луѓе добиваат државјанство, како што е украинскиот олигарх Олександар Онишченко или турскиот државјанин, мафијашот Седат Пекер.
