Откажани над 700 летови на аеродромот во Минхен поради штрајк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од планираните 830 летови, денеска аеродромот во Минхен, Германија ќе реализира само околу 100 поради штрајк, соопшти управата на аеродромот денеска.

Штрајкот би требало да трае до петок навечер, а тоа значи дека и утре ќе има откажани летови. Штрајкот ја погодува сојузната држава Баварија, каде што следната недела почнуваат карневалскиот празници.

Штрајкот во Минхен е само еден во низата на штрајкови кои ги почна синдикатот на вработените во јавната администрација. Исто така претходно и аеродромите во Дизелдорф и Келн беа во штрајк. Истовремено се штрајкува и на аеродромот во Хамбург, но таму само малку летови се „погодени“.