Откриена планина полна со злато во Конго – граѓаните веднаш се упатиле кон неа со лопати

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Властите во Демократска Република Конго забранија експлоатација на злато во провинцијата Јужен Киву, откако на социјалните мрежи се прошири видео снимка во која се гледа како стотици локални жители копаат на планина полна со злато.

Кога дознале дека златото е скриено во земјата, локалното население пристигнало со лопати и мотики.

„Видеото од Конго го бележи најголемото изненадување за селаните откако беше откриена целата планина исполнета со злато. Тие ја копаат земјата каде што се наоѓаат наоѓалиштата на злато, а потоа го носат дома и го мијат“, објави на Твитер новинарот Ахмад Алгохбари.

Министерот за рударство, Венант Буруме Мухигирва, подоцна го потврди наоѓалиштето со злато во селото Лухихи,  лоцирано на 50 километри од градот Бакаву.

Министерот рече дека е издаден декрет со кој се забрануваат сите рударски активности во и околу селото и се молат сите да го напуштат вредното место до ново известување.