Ненадејната смрт на Џорџ Балдок ја шокираше Грција, но и целиот фудбалски свет. 31-годишниот член на Панатинаикос е пронајден мртов во базен откако неговото семејство кое живее во Англија со часови не успевало да стапи во контакт со него.
Загрижените членови на семејството стапиле во контакт со сопственикот на куќата, кој го пронашол фудбалерот во базенот и покрај обидите да го оживее, не можел да се спаси, лекарот констатирал смрт на местото на настанот. Како причина го наведоа давењето, но повеќе ќе се знае по обдукцијата.
Прераното заминување на Балдок многу ги потресе неговите колеги и соиграчи во грчката фудбалска репрезентација, но тие собраа сили и направија огромна сензација на Вембли забележувајќи историска победа против Англија. Тие славеа со резултат 2:1 во третото коло од Лигата на нации, а апсолутниот херој на натпреварот Вангелис Павлидис постигна два гола и му ја посвети победата на Балдок .
После се, сопругата на Балдок, Анабел, се огласи и му посвети емотивна порака на социјалните мрежи:
„Џорџ, љубовта на мојот живот, мојата сродна душа. Ти беше совршен татко на нашето прекрасно момче. Ме комплетираше, ти беше мојот свет и знам дека бевме твои.
Ти си тука со мене во насмевката, кикотењето и заразната личност на Броди. Мојот свет никогаш нема да биде ист, но ќе најдам начин за Броди. Ветувам“, напиша сопругата на починатиот фудбалер.
Работите да бидат уште потрагични, Болдок требаше да лета од Грција во Англија во четврток за да го прослави првиот роденден на својот син Броди.
„Ти беше најпосебен татко, вереник, син, брат, вујко, пријател, соиграч и личност. Твојот ентузијазам и личност донесоа толку многу љубов на оние кои имаа среќа да те запознаат и на оние кои те обожаваа на трибините. Требаше да леташ дома за заедно да го прославиме неговиот прв роденден, но наместо тоа, сега тагуваме за твоето заминување“, откри семејството на несреќниот фудбалер.