Откриено е колкава отштета доби Интер од УЕФА поради несреќата на Ериксен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОТКАКО Кристијан Ериксен колабираше за време на мечот на Данска против Финска на минатогодишното евро, му беше поставен дефибрилатор, но правилата во Италија го спречија да продолжи да игра за тамошните клубови. Затоа Интер му го раскина договорот неколку месеци подоцна за да му дозволи кариерата да ја продолжи на друго место.

Сепак, Интер не остана без никакво обештетување за несреќата поради која загуби одличен играч за врска. Иако се шпекулираше дека добил обештетување од УЕФА, Calciomercato сега објави, врз основа на финансискиот извештај на Интер, дека обештетувањето е три милиони евра, врз основа на инцидентот што се случил на натпревар во негова надлежност.

Ериксен пристигна во Интер од Тотенхем во јануари 2020 година за 27 милиони евра и забележа 60 настапи во сите натпреварувања и го освои Купот на Италија. На фудбалот му се врати во Брентфорд, со кого по заминувањето од Интер потпиша шестмесечен договор, а летово како слободен играч потпиша тригодишен договор со Манчестер Јунајтед.