Отпадот и натаму ги труе жителите на Струга – предметот за депонијата заврши во фиока на Апелација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На само еден километар воздушна линија од езерото, во близина на населените места и индустриската зона, депонијата и понатаму претставува најголема главоболка за жителите на Струга.

Тука секојдневно се фрлаат огромни количини отпад, а според податоците на еколошките организации, станува збор за околу 40 илјади тони годишно. Активистите од граѓанскиот сектор од минатата година се обидуваат преку правен пат да го спречат труењето и уништувањето на природата, но како што се чини, нивните жалби завршија во судските архиви.

Предметот веќе една година е во Апелациониот суд-Битола. Оваа пасивност, вели Ќатовски покажува дека за правосудниот систем здравјето на граѓаните нема никаква важност.

Друга депонија која исто така преставува проблем се наоѓа во Лабуништа. Еко-активистите велат дека анализите на Институтот за јавно здравје – Охрид покажуваат дека поради депонијата во Струга е забележано зголемување на малигните заболувања, на компликации кај бремените жени, како и зголемување на респираторните заболувања.