Отпушете го одводот само со сода бикарбона и оцет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска на пазарот постојат разни средства кои ви се нудат за отпушување на одводот. Некои од нив не се евтини, а може да го сторите тоа со две состојки кои ги имате дома, и одводот повторно ќе „дише“.

Храната и разниот отпад, косата, маслото се „непријатели“ на одводот, а за среќа постои алтернативни и природни состојки со кои ќе го решите проблемот.

Потребни ви се само сода бикарбона и оцет. Најпрво во одводот ставете неколку лажици сода, а потоа и нешто оцет. Оставете го да делува преку ноќ. После тоа измијте го со топла вода и ќе ја видите реакцијата.