ОУ „Беса“ се преместува во Мала Речица – во Вешала и Бозовце порано имаше 400 ученици, сега има само 25

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основното училиште „Беса“ во село Вешала со одлука на Советот на општината ќе добие нова локација. Училишната управа од село Вешала ќе биде преместена во Мала Речица, а ќе биде диспензирана во село Вешала и село Бозовце.

„Училиштето ќе биде со нова локација и ќе има дисперзации. Локацијата ќе биде во изградениот објект во Мала Речица, каде ќе биде централното училиште и ќе има периферни училишта во Вешала и Бозовце“, вели Бесар Дурмиши.

Според директорот на училиштето со ваквата одлука настава од првото до петтото училиште ќе се одвива во село Бозовце и Вешала, а од шесто до деветто одделение во градот Тетово.

„За среќа од прво до петто одделение учениците настава ќе следат овде во Вешала и Бозовце, додека од шесто до деветто одделение ќе се обезбеди превоз до централното училиште во Мала Речица“, порача Шафајет Рамадани.

Но проблем е и тоа што секоја година бројот на ученици се намалува.

„Учебната година 2022/2023 не беше како сите други години. Ние бевме обврзани да ги известиме надлежните органи за состојбата. Од 1 септември досега дадовме шест документи за трансфер во градот и во странство. Не станува збор само за преселување во рамките на државата туку и во странство“, додава Шафајет Рамадани.

Во овие две тетовски села сега има само 25 ученици, а вработени се 22 наставници и 7 административци и технички работници. Во овие училишта пред неколку години имало околу 400 ученици, но преселбата во градот и иселувањето ги испразни тетовските села.