Ова е најосаменото место на светот – најблиското копно е на оддалеченост од 40 километри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изолираниот светилник на езерото Супериор изгледа дека е можеби една од најстудените локации во светот, а го нарекуваат и најосаменото место во светот.

Американската крајбрежна стража минатата недела отпатува во светилникот „Св. Стардар Рок“ во Мичиген за да изврши поправки и од таму се врати со неколку извонредни фотографии од оваа далечна дестинација.

Одблизу, светилникот на неговиот долен дел е покриен со снег и мраз.

Гребенот, на кој сега стои светилникот, го открил капетанот Чарлс Ц.Станард во 1835 година. Приближно 50 години подоцна, бил изграден светилник висок 78 метри, кој преживува бури и мраз повеќе од 150 години.

Наречено е „најосамено место на светот“ поради оддалеченоста од копното. Најблиското парче земја е оддалечено 40 километри од карпата Станард.