Ова е војникот од Тајланд кој уби 12 лица, си направил и селфи од нападот, драмата и натаму трае (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Познато е како изгледа војникот кој денеска уби 12 лица во тајландскиот град Корат. Станува збор за Џакрапант Тома кој најпрво пукал во касарната и наводно убил три лица, а потоа се упатил кон трговски центар, каде што продолжил со пукањето, при што досегашните информации велат за 12 загинати и 10 повредени.

Војникот потоа украл возило од касарната, и се упатил кон центарот на градот каде што во еден трговски центар отворил оган, и притоа задржал и неколку заложници.

На социјалните мрежи се појави и фотографија на напаѓачот, како и видео од нападот во трговскиот центар.

Тој на својот профил објавил фотографија со пиштол и три куршуми со коментар „Време е за возбуда“.

Има информации дека нападот го пренесувал во живо на својот „Фејсбук“ профил.