Ова се најопасните градови во светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мексиканскиот град Селаја моментално е најопасниот град во светот.

Стапката на убиства на сто илјади жители во овој град е дури 109,4. Дури шест градови со најголема стапка на убиства се наоѓаат во Мексико.

А во остатокот од оваа несреќна листа доминираат градови од Латинска Америка.

Списокот не ги вклучува земјите каде има војна и конфликт.

Латинска Америка доминира во статистиката за убиства
Повеќето градови на листата се наоѓаат во Латинска Америка. На листата на најопасни земји во светот доминира и Латинска Америка.

Насилството во Латинска Америка главно е предизвикано од шверц на дрога, трговија со оружје и војни со банди, објаснува Статиста.

На пример, во 2020 година, во Мексико беа регистрирани повеќе од 28.000 убиства поврзани со организиран криминал.

Убиства во САД

Св. Луис, Мисури во САД беше град со најголема стапка на убиства во светот надвор од Мексико. Градот се бори со високи стапки на сиромаштија и криминал поврзан со дрога.

Во однос на насилен криминал, Мемфис, Тенеси забележа највисока стапка во 2020 година, а Св. Луис на третото место.