Хипертензија или висок крвен притисок е најчестиот фактор за срцеви заболувања. Лековите често се користат за намалување на крвниот притисок, меѓутоа тоа бара и промени во начинот на живот, вклучувајќи и исхраната, и тоа може да помогне во намалување на ризикот на срцеви заболувања.
Здравата исхрана е клучна за снижување на крвниот притисок, и одржување на оптимално ниво. Истражувањата покажаа дека некои намирини, посебно оние кои се со одредени хранливи материи, како што се калиум и магнезиум, го симнуваат нивото на крвниот притисок.
Некои од намирниците кои може да ви помогнат во намалувањето на крвниот притисок се цитруси (цитрони, портокали, лимони), лосос и други риби, семки од тиква, бобинки, фстаци, морков, јогурт и целер.
