КАРДИОЛОГОТ Џеф Етертон тврди дека постојат одредени намирници чие консумирање најдобро е да се избегнува или барем да се минимизира бидејќи негативно влијае на здравјето на нашето срце. Иако нивното повремено консумирање нема да предизвика значителна штета, доколку се претера може да доведе до срцев удар и блокирање на крвните садови.
Како што објаснува Етертон за Thrillist, постојат шест намирници кои повеќето луѓе редовно ги консумираат и кои можат сериозно да му наштетат на здравјето на срцето и на целиот циркулаторен систем. Овие се:
- помфрит
- преработено месо (колбаси, салама…)
- црвено месо
- чипс
- пица
- газирани пијалоци.
