Овие знаци откриваат дека пиете премногу вода

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За време на жешките летни денови сите се трудиме да пиеме доволно вода, но ретко кој обрнува внимание на прекумерно внесување течности, што исто така не се препорачува.

Внесот на вода зависи од тоа каде живеете, односно климатските услови, сезоната, телесната тежина, здравствената состојба …

Препораките за дневен внес на течности (вклучувајќи вода како и други течности) се 3,0 литри за мажи и 2,2 литри за жени.

При поголема физичка активност, повисоки температури на воздухот, во влажна и топла клима потребно е да се земаат дополнителни количества вода. Треба да се зголеми внесот на вода за време на бременост и доење и во некои здравствени состојби (треска, повраќање). Започнете го денот со утринска чаша вода (2 dcl) и пијте ја во текот на денот. Чаша млака вода наутро го стимулира варењето и помага при утринското празнење на цревата.

Иако ретко се претера со пиење вода, тоа може да им се случи на спортистите кои ќе се потрудат максимално да пијат доволно течности за да можат да дадат подобри резултати. Според порталот Healthline, луѓето со бубрежни, црн дроб или срцеви заболувања може да имаат поголема веројатност да доживеат прекумерна хидратација.

Кога човек консумира прекумерна количина на вода, клетките во мозокот почнуваат да отекуваат, а притисокот во черепот се зголемува. Ова ги предизвикува првите симптоми на интоксикација со вода, кои вклучуваат: главоболка, гадење и повраќање.

Тешките случаи на интоксикација со вода може да предизвикаат посериозни симптоми, како што се поспаност, мускулна слабост или грчеви, висок крвен притисок, двојно гледање, конфузија и отежнато дишење.

Еден од сигналите за пиење повеќе од препорачаната дневна доза на вода е гадење, а може да се јават и повраќање, конфузија и дезориентација.

Посериозните сигнали вклучуваат мускулни грчеви или чувство на мускулна слабост. Може да дојде до напад и губење на свеста, а во овој случај важно е да се консултирате со лекар.