Вечерва дел од корисниците ширум светот не можеа да се вклучат на платформата „Икс“ (поранешно Твитер).
Проблемите со платформата почнале околу 21 часот, стои во статистиката на страницата „Down detector“.
Корисниците известуваат дека имаат најмногу проблеми со работата на апликацијата, како и со поврзувањето на серверот.
„Ја ажурирав апликацијата, го рестартирав телефонот и ништо“, се само дел од поплаките на корисниците.
