Падна Инстаграм: Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Илјадници корисници пријавуваат проблеми со популарната апликација Инстаграм.

Како што е наведено, се пријавуваат проблеми со брзината на апликацијата, како и тешкотии при пристап до неа преку прелистувачот.

Инстаграм почна да има проблеми нешто по 17 часот по локално време, додека корисниците ја споделуваа својата фрустрација, бидејќи како што велат „во последно време често се случува да не работи како што треба“.

Поплаки доаѓаат и за коментари, кои не се видливи за секого, додека некои се жалат дека не можат да видат туѓи приказни и фидови.