Падна вредноста на американскиот долар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Доларот потона под двомесечното најниско ниво во однос на најголемите ривали, бидејќи разочарувачкиот извештај за вработување во САД ги натера инвеститорите да ги намалат очекувањата за каматните стапки, а оваа недела тие го насочија фокусот кон објавените податоци за инфлацијата.

САД во април отворија нови 266.000 работни места, а стапката на невработеност се зголеми неочекувано, што беше „ладен туш“ за шпекулации за забрзаниот пораст на инфлацијата.

Индексот на доларот, кој го мери движењето на американската валута наспроти корпата од шест најголеми конкуренти, застана на 90.259 поени во азиското тргување, откако потона на само 90.128 поени во една точка за прв пат од 26 февруари, пренесува Ројтерс.