Паднатиот авион во Вилнус бил од типот Боинг 737, во него имало четворица членови на екипажот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Боинг 737-400 стар 31 година е авионот кој се урна утрово во близина на аеродромот на главниот град на Литванија, Вилнус.

Загина еден член на екипажот од четирите кои биле на летот, кој летал од Лајпциг до Вилнус.

„Авионот се урнал неколку километри од аеродромот. Еден од четирите членови на екипажот загинаа“, рече Ренатас Позела, директор на литванската противпожарна бригада и служба за итни реакции.

Тој рекол дека една куќа е оштетена од падот, и дека оганот зафатил инфраструктура, но сите биле безбедно евакуирани.

За време на падот, температурата била нула степени, а ветарот дувал 30 километри на час, покажал временскиот извештај.

Претходно полицијата не ја исклучи можноста за тероризам да биде причината на падот, и дека таа можност дополнително ќе се истражува.