Властите во Вухан ја затворија првата привремена болница откако ги отпуштиле последните 34 пациенти кои се лекувале од коронавирус.
Паѓа бројот на заразени, објавуваат властите.
Вухан беше местото на кое изби епидемија на коронавирус, а градењето на болница за помалку од 2 денели е сфатена како модерно чудо.
Болницата примила над стотина пациенти, пишува РТ.

Последните пациенти во импровизираната болница добиле негативни резултати на последните тестови. Кинеските медиуми објавија дека ова се случува во период на голем пад на пациенти со коронавирус во провинцијата Хубеи. Всушност, помалку од 200 нови случаи се пријавени таму во 24-часовниот период за прв пат од јануари. Надвор од покраината Хубеи, потврдени се само шест нови случаи во копното на Кина.
Затворената болница беше една од 16-те слични изградени низ покраината. Целта била да се бори против епидемијата и да се лекува најмалку 12,000 пациенти.
Менаџерот на најголемата импровизирана болница во Вухан, со капацитет од 2.000 кревети, д-р Жанг Јунјан, потврди дека објектот ќе биде затворен до крајот на март. „Ако не се случи ништо вонредно, јас очекувам дека нашата најголема импровизирана болница, најголемата во Вухан, би можела да ја заврши својата историска мисија до крајот на март“, рече Јунјан.
