Пакистанската државна авиокомпанија се подготвува да ги обнови директните летови кон европските земји на почетокот на следниот месец, соопштија денеска официјални лица.
Пред неколку дена, агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија ја укина забраната за летови на Пакистан ерлајнс поради почитување на нејзините безбедносни стандарди.
Забраната на Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија (ЕАСА) беше во сила од 2020 година, откако 97 лица загинаа кога авион на Пакистан ерлајнс се урна во Карачи, главниот град на јужната провинција Синд.
Забраната ја чини авиокомпанијата речиси 150 милиони долари годишно, велат властите.
Портпаролот на авиокомпанијата Абдула Хафиз изјави дека по повеќе од четири години, првиот директен лет од главниот град Исламабад до Париз ќе се одржи на почетокот на јануари.
EASA изрази „целосно задоволство од безбедносните стандарди на Пакистан ерлајнс“ и во тек се аранжмани за обновување на летовите до други градови во Европа.
Авион со 91 патник и осум членови на екипажот од Лахоре се урна на 22 мај 2020 година додека се обидуваше да слета на аеродромот во Карачи.
Тогашниот пакистански министер за воздухопловство изјави за време на истрагата дека речиси една третина од пакистанските пилоти мамеле на нивните пилотски испити.
Владината истрага подоцна заклучи дека несреќата била предизвикана од грешка на пилотот.
