Пандемијата го спасила да плати сметка од 100 илјади долари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фетаи: Обидот на одбраната за поврзување на случајот со структури на МВР е целосно неточна теза

Обидот на одбраната за поврзување на возилото „опел омега“ и целата операција со структури на МВР, е целосно неточна...

Бајден ќе потпише 10 извршни наредби поврзани со борбата против Ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе потпише десет извршни наредби за борба против коронавирусот, вклучително и наредба фондот за...

Владата иницира зголемена транспарентност и отчетност на органите на државна управа и јавните претријатија во државна сопственост

Владата на Република Северна Македонија, на 40-та седница одржана на 19-ти јануари 2021 година, на предлог на Комисијата за...

Кој е сопругот на Камала Харис, првиот Втор господин на САД?

Сопругот на новоизбраниот потпретседател на САД, Камала Харис, Даг Емхоф, стана првиот Втор господин, откако неговата сопруга официјално ја...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 330 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти...

Италијанецот Франческо Персико, кој службено отпатувал во Америка каде се заразил со коронавирусот, освен што завршил во болница, се соочил со проблем – сметка од 100 илјади денари која требало да ја плати за неговото лекување.

Се случило тоа пред осум месеци кога Персико, заменик градоначалник на местото Азано Сан Паоло во близина на Бергамо, е примен во болница во Њујорк затоа што бил позитивен на коронавирус. Во тоа време вирусот бил малку познат, а СЗО се уште немаше прогласено пандемија.

Франческо на почетокот на март ги почувствувал првите симптоми, и после една недела добил покачена температура. Земал парацетамол, мислејќи дека станува збор за обичен грип, но истиот не му помогнал во следните четири дена, а тогаш почнал да чувствува вртоглавица и главоболка.

Со кола на брза помош бил пренесен во болница. Во тој период Њујорк не бил подготвен за епидемија, а Персико бил еден од првите заразени. Дури себе си се смета за нулти пациент.

„Болничарите ме изолираа, и кај мене влегуваа заштитени, но преку стакло ги гледав кога се пресоблекува во ходникот. Тогаш почна да губам здив, па ме префрлија во интензивно одделение и ми ставија масла со кислород“, рече Франческо.

После тоа стигнува нова негативна вест – сметка од 100 илјади долари колку барала болницата, плус 2.500 долари за брзата помош.

„Бев осигуран, но се грижев затоа што еден ден таму чини 8000 долари на интензивна нега“, рече Франческо.

Меѓутоа осигурувањето не било доволно, затоа што имало клаузула во која вели дека доколку СЗО прогласи пандемија, лекувањето го плаќа пациентот. Тоа што го спасило било фактот дека пандемијата била прогласена после неколку дена откако бил примен во болница.

Но, тоа не било крај на изненадувањата. Франческо во хотелот му било испратено писмо во кое бил повикан да се спакува и да замине. Морал да најде ново место каде што би бил во карантин до 4. април, а потоа да се врати во Италија, и во тоа успеал.