Капитенот на фудбалската репрезентација, Горан Пандев вели дека никогаш не верувал дека на 38 години ќе се пласира на Европско првенство.
„Јас би се надоврзал на селекторот, благодарност до сите што не пречекавте. Сонот ни се оствари, сите заедно се радуваме и да настапуваме на ова ЕП со победи. Знаеме сите дека поминавме долг пат до ова ЕП, навистина дечките го заслужија ова и уште не сме свесни што направивме. Среќни сме, во следните денови ќе се свестиме дека сме на ЕП. Уште ние фудбалерите фалевме да се пласираме на едно ЕП. Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на едно ЕП… добро што дојде овој коронавирусот, па ми ја продолжи кариерата уште малку. На цела Македонија ѝ се оствари сонот“, изјави Пандев.
Претходно Пандев добил и „опомена“ од своето семејство, без победа да не се враќа.
ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:
- Заев: Голема е радоста што вечерва ја преплави целата земја
- Ангеловски: Ние 5 години во репрезентацијата живеевме вака – ОБЕДИНЕТИ!
- Сејдини: Оваа победа ќе се пишува со златни букви
Македонија со 0:1 славеше вчера над Грузија, а тоа ни донесе голем успех и за прв пат пласан на Европско првенство. Македонија на ЕП 2021 ќе игра во група во Букурешт и Амстердам, а ривали ќе се селекциите на Холандија, Украина и Австрија. Европскиот шампионат ќе се игра во месец јуни и јули.
