Пандов: Македонија досега требаше да има целосно нов затвор во Идризово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов денеска изјави дека „еден затвореник државата ја чини околу 2.100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно“.

Пандов посочи дека намалувањето на затворската популација може да се направи на три начини, преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници. 

– За жал, Македонија досега требаше да има целосно нов затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, парите што се обезбедени сега се под мораториум. Следната недела треба да има контрола и се надевам да се одмрзнат тие средства следната година, изјави Пандов. 

Околу 400 лица моментално имаат А-третман и тие, според Пандов, веќе користат отсуство и работен ангажман.