Папата Франциск помина мирна ноќ во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од прес-службата на Ватикан, денеска соопштија дека папата Франциск помина мирна ноќ во римската болница Ѓемели, каде што се лекува од воспаление на двете бели дробови.

Папата (88) е во болница 25 дена, од 14 февруари, пренесе АНСА.

Извори од Ватикан во неделата соопштија дека здравствената состојба на папата е стабилна, а во саботата Ватикан објави дека неговата состојба е малку подобрена.